ТАЖНА СУДБИНА: Таткото не сака да го чува бебето на починатата родилка од Крива Паланка
Големата трагедија која ја потресе македонската јавност. Кога трудница од Крива Паланка почина на пат кон скопските Клиники, со уште по трагичен крај.
Имено како што велат од МВР дека 45-годишната Слаѓана Димитровска која не се разбудила по примената анестезија, остави три дечиња зад себе, а на свет донела машко здраво бебе.
Сопругот на починатата родилка со изјавата за Телеграф ја потресе македонската јавност со тоа што вели дека тој нема услови да го чува бебето.
- Јас не можам да го земам бебето од болница. Има уште три деца што мојата сопруга ги донесе со себе. Немам услови сам да се грижам и за ова дете - изјави Јусуфов за Телеграф.
Слаѓана имала едно машко и две женски деца, кои ќе останат со својот очув.
Во неговата изјава стои дека тој не знае од што му починала сопругата и дека за ништо не е информиран. Кога таа била породена со царски рез го известиле дека на свет донела здраво машко бебе. А кога тој попладнето се упатил кон болницата за да ги посети неговата сопруга и синот од таму го известиле дека таа не била добра и дека треба да се однесе на Скопските клиники, каде и по пат починала.
Ново на Сител
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит