Свет
11. November 2016 - 18:36

Телефонски разговор Оланд - Трамп

Шефот на француската држава Франсоа Оланд денеска имаше телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Париз.

Во соопштението од Елисејската палата објавено по разговорот се наведува дека Оланд и Трамп ја споделиле „желбата да работат заедно“.

- Телефонскиот разговор траеше седум-осум минути и мина во добри услови, се наведува во соопштението.

Оланд и Трамп разговарале за теми од заеднички интерес и се согласиле да работат на разјаснување на позициите на идниот претседател на САД за борбата против тероризмот, случувњата во Украина, Сирија и Ирак, како и за договорот за климатските промени од Париз" (COP21).

- Претседателот (Оланд) потсети на историјата и на вредностите кои двете земји ги имаат заеднички и на пријателството меѓу двата народа и двете земји, се нагласува во соопштението на Елисејската палата.