Македонија
13. August 2019 - 15:24

Температурата на Дојранско езеро 30,8 степени, а на Охридско 26

За околу два степена е зголемена температурата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро попладнево во однос на утринава.

Според последните мерења на УХМР во 13:30 часот, температурата на водата на Охридското езеро е 26 степени, а утрово била 23,5, на Преспанското е 27, а била 25,5, додека на Дојранското изнесува 30,8 степени, а била 29.

Како што велат од Секторот хидрологија, Дојранското езеро е поплитко поради што и полесно се загрева. Оттука и природно е да има повисока температура.