Македонија
17. April 2020 - 16:58

Температурите го уништија родот на овошките во Ресен

Ниските температури изминатите денови направија штета кај овошките во неколку села во Преспа. Биле измерени температури од  минус 4, а некаде и до минус 6 степени. Штетите се најголеми кај оние јаболкници кои беа погодени од ланското невреме. Преспанските јаболкопроизводители велат дека оваа година родот во Долна Преспа ќе биде намален за 75%.

- Дополнително на цела ака имавме ниски температури, во речиси цела преспа, во покрвеник беа измерени -4,4 при што се утврдени реални штети од 10-25% на производството за јаболка за оваа година. Кај нас иако беа повисоки, штетите се од минатата година, изјави Љубе  Пампулевски, претседател  на здружение на овоштари Благоја Котларовски РесенОВОШТАРИ.

Парите од надоместокот за штетата од минатогодишното невреме велат се уште не ги добиле. Апелираат до Владата што побрзо да ги исплати, затоа што сега им се неопходни за набавка на потребните средства за да продолжат со производство и да има оваа година овошје на пазарите.

-Луѓето се во колапс економски се пропаднати,

-Ги очекуваме штетите од невремето да ни ги исплати Владата бидејќи се на работ на егзистенција, дрвјата се оштетени, дали ќе имаме 20-30% оваа година,

Градоначалникот на Ресен вели дека се информирани за штетите од деновиве и дека општинската комисија ќе излезе на терен и ќе ја утврди фактичката ситуација.

Проценката пак која ја направи општинската комисија за штетите од ланското невреме изнесува околу 265 милиони денари, од кои 250 милиони се за земјоделците, додека останатиот дел е за штетата врз куќите, возилата и слично. Извештајот до Државната комисија за штети е испратен на 3 март.

- Се трудевме да ги усогласиме сите методологии за пресметка на штетите, оваа сума е реална. Околу еден месец како е испратен извештајот и рано е веднаш да реагира државата. Но јас како градоначалник ќе барам што побрзо да му се помогне на овие луѓе, изјави Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен.

Инаку, преспанските овоштари велат дека заради штетите од доцниот мраз во цела Европа, оваа година се очекува недостиг на овошје.