Бизнис
27. October 2021 - 16:38

Тендер за увоз на мазут по изборите

За десетина дена ќе биде објавен јавен повик за набавка на мазут за активирање на ТЕЦ Неготино. Во меѓувреме се прават анализи, како е најдобро количините од овој енергенс да стигнат до централата. Според информациите  железницата е најдобра опција. Иако овој објект не работи 10-тина години од таму уверуваат дека постојано се прават проверки и централата е подготвена веднаш да почне со работа. Капацитетот на овој објект е речиси колку еден блок од РЕК. Ако се активираат двата котли, месечно ќе бидат потребни  околу 40.000 тони мазут. Според експертите ТЕЦ Неготино е добра, но во моментов скапа опција.

Иако државата вчера соопшти дека нема услови за прогласување кризна состојба во енерегетиката, според Димитров ситуацијата е повеќе од критична. Јаглен нема ниту за една недела, а не за повеќе.

Од ЕСМ денеска повторно потврдија дека состојбата со струјата е стабилна и снабдувањето се одвива без проблеми. 

Поради недостатокт од струја, од МЕПСО јавно соопштија дека земјава влече количини од меѓународните мрежи поради што државава доби 4 опомени. Димитров смета дека МЕПСО треба да биде помогнат во спротивно ако продолжи вака ќе се соочи со банкрот. Иако министерот Бектеши вчера рече дека на владина седница ќе се разговара за тоа како ќе му се помогне на МЕПСО, за тоа не се дискутирало. Владата била само иноформирана дека до крајот на годнава има доволно струја. Од таму велат и дека се преговара со соседните држави, да се јават на тендерот за увоз на јаглен кој веќе еднаш пропадна.