ТЕНЗИЧНА БРКОТНИЦА: Полицаец преку шофершајбна пукаше кон убијци
Камерата поставена на униформата на полицаец од Лас Вегас регистрирала филмска бркотница по улиците на овој американски град и престрелка каква што ретко се гледа. Полицајците се обиделе да спречат возило во кое имало двајца осомничени за убиство, објави „Си-би-ес њуз“.
Полицијата соопшти дека двајцата осомничени претходно тој ден со украден автомобил влетале во салон за миење возила и застрелале еден човек кој подоцна починал.
Набрзо потоа следела и полициската акција и бркотницата по улиците, во која, во еден момент, автомобилот на осомничените возел во спротивна насока. Полицаецот од чија камера е регистриран целиот настан, преку радиоврска побарал помош, а потоа преку сопствената шофершајбна почнал да пука кон возилото со осомничените лица.
Како што се гледа на снимката, на стаклото се видливи дупките од куршуми. Во пукањето, еден од осомничените, идентификуван како 22-годишник по име Фидел Миранда, бил ранет. Тој бил пренесен во болница каде што подоцна починал. Другиот осомничен, 30-годишниот Рене Нуњез, избегал од возилото, но потоа бил уапсен.
„Тоа не е нешто што го учиме кога се подготвувавме за оваа работа“, рекол шерифот Тим Кели. Пукањето се случило на 11-ти месецов, а полициските службеници кои се снимени се Вилијам Уман и Пол Соломон.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар