Македонија
14. March 2018 - 16:20

Теодоракис: Грчкиот парламент на почетокот на април ќе расправа за договорот со Македонија за името

На почетокот на април грчкиот парламент ги очекува предлозите од преговорите за спорот со името. Ставрос Теодоракис, лидерот на партијата Река, по средбата со премиерот Цирпас за грчките медиуми откри дека по Велигден треба да се знаат утврдените детали, но јасно е дека Грција не отстапува од позициите.

-Инсистираме на решение што ќе го затвори нерешеното прашање со нашите соседи, решение за сложено име, што ќе се користи внатрешно, надворешно, дипломатски, на сите нивоа, еден збор за соседната земја и секако конкретни обврски врз основа на меѓународните договори за бришење на иредентизмот од учебниците и ако постои и од Уставот. Ќе треба нашите соседи да сфатат дека ќе треба да свртат страница, да го едуцираат нивниот народ на логичен соживот, пријателство и добрососедство со Грците, вели Теодоракис за радиото Скај.

Со слични позиции настапи и Мицотакис кој е во посета на САД. Во дебатата на институтот за стратешки и меѓународни студии лидерот на грчката опозиција открива дека не е голем оптимист за решение.

По оформувањето на поизициите и предлог договорот политичките партии ќе одлучуваат за поддршката во грчкиот парламент. Теодоракис кој до неодамна отворено ја нудеше поддршката за затворање на прашањетро сега велчи дека ќе мора да го види предлог решението пред да ја донесе одлуката.