Македонија
9. November 2019 - 15:56

Тепачка во Илинден, полицијата интервенирала

Тепачка во населбата Илинден пред угостителски објект, интервенирала полицијата. Како што информираат од МВТ, утринава  во 00.38 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека околу 00.30 часот во угостителски објект во населба Илинден бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.П.(30) од Куманово, од една страна, и С.П.(31) од Скопје и Х.Н.(22) од населба Илинден, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.