Македонија
22. August 2018 - 14:54

Тепачка во угостителски објект поради лоша услуга

Во угостителски објект во село Желино, тетовско утринава околу 2:40 часот бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу К.И.(28) и Х.И.(22), двајцата од село Ларце, тетовско, од една страна и Ф.С.(25) од Желино, од друга страна.

Тепачката настанала по претходна расправија на К.И. и Х.И. (гости во објектот) и Ф.С. (вработен) околу послужувањето на нарачаната храна. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.