-->
-->
Тепачка во угостителски објект - Со камен го удирал по глава
-->
А.П. (62) е тешко повреден од З.П. доцна синоќа по расправија во скопски угостителски објект.
Како што соопшти МВР, расправијата почнала околу 00.00 часот додека двете лица се уште биле во објектот. Набргу потоа излегле надвор и продолжиле да се расправаат. Во еден момент З.П. му удрил тупаница на А.П. во пределот на носот. Откако А.П. паднал на земја, З.П. со камен неколку пати го удрил по глава, по што го напуштил местото на настанот.
А.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал