Терористичкиот напад во Џакарта бил против полицијата и христијаните
Полицијата во Индонезија денеска соопшти дека се идентификувани организаторите на терористичкиот напад во центарот на Џакарта, во кој, на 14 јануари загинаа четворица од напаѓачите, двајца полицајци и двајца случајни минувачи. Нападот го организирала група од 17 радикали, од кои 12 се уапсени, а петмина од нив веќе се затворени за други дела.
Индонезиската јавност е се уште вознемирена од настаните во Џакарта минатата недела, а нервозата денеска ја зајакна појавувањето на интернет блог на еден од најбараните муслимански радикали во државата Бахрин Наим. Тој на блогот насловен „Совети’’ тврди дека во име на исламот, со поддршка на Исламската Држава, ја организирал акцијата во Џакарта како одговор на полциското однесување кон муслиманите. Тој тврди дека нападот е освета за борбата против муслиманите и во Исламската Држава и во Индонезија, додавајќи дека, без судење, антитерористичката бригада ликвидирала над 200 „вистински верници’’.
Бахрин Наим тврди дека исламската герила, која сега се обучува во шумите, пак ќе нападне во градовите. Меѓу другите „совети’’ тој порача вистинските муслимани да не и отвораат интернет страниците што ги подготвуваат „корумпираните’’ власти и полицијата, кои, вели тој служат на „ѓаволите што веруваат во крстот, или за мали пари му служат’’.
Ново на Сител
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор