Балкан
14. јуни 2017 - 16:30

Тешка сообраќајка - Едно лице загина, а друго е тешко повредено

 
Во сообраќајка меѓу патнички автомобил и камион, која се случи денес на патот меѓу Сурчин и Бољевац, животот го изгуби едно лице, а друго е тешко повредено.
 
- Настрада женско лице на возраст околу 60 години која го управувала автомобилот, но нејзиниот идентитет се уште не е познат,  велат од полицијата.
 
Полицијата направи увид на самото место. Засега не се познати причините за оваа трагична сообраќајка.