-->
-->
Тешка сообраќајка кај Градско: Автомобил се преврте на кров
-->
Во несреќата учествувале две возила, „застава 101“ и „бе-ем-ве“. До судир најверојатно дошло кога едно од возилата се обидело да претекне, пишува Телеграф.
Teшка сообраќајка се случи попладнево на магистралниот пат Велес-Градско. Во несреќата учествувале две возила, „застава 101“ и „бе-ем-ве“. До судир најверојатно дошло кога едно од возилата се обидело да претекне при што загубило контрола и ја пробило заштитната банкина.
Од фотографиите се гледа дека оградата е пробиена, додека „стокецот“ завршил на покрив откако се истумбал неколкупати. Според очевидци, едниот од повредените во свесна состојба бил префрлен во болница, додека кај другите патници има и посериозни повреди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо