Македонија
27. March 2018 - 13:15

Тешка сообраќајка на патот Гостивар - Тетово - повредени жена и дете

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на патот Гостивар - Тетово , повредените итно биле згрижени во тетовската болница.

- Вчера околу 23 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на наплатната станица Тетово, И.А. (59) од Тетово управувајќи патничко возило „Фолксфаген пасат“ со хрватски национални ознаки, изгубил контрола над возилото, кое удрило во бетонски sид и се превртело. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.Б. (62) од Тетово, додека И.А. и деветгодишна сопатничка се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана помош. А.Б. била задржана на лекување, додека И.А. и малолетничката биле пуштени на домашно лекување, стои во соопштението на МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.