Македонија
25. July 2018 - 8:20

Тешка сообраќајка утрово кај рудникот Бучим

Поради сообраќајна незгода на патниот правец кај рудникот Бучим, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на патнички моторни возила, додека товарни моторни возила воопшто не се пропуштаат, соопшти АМСМ.

Сообраќајката се случила околу 4 часот утрово, но нема други детали.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

 АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.