Балкан
20. February 2017 - 19:24

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Верижен судар на автопат - едно лице на Ургентен

На автопатот Белград-Загреб дошло до сообраќајка во која учевствувале три возила, а повредени се три лица.

На местото на настанот пристигнале и полиција и Брза помош.

Портпаролката на Брзата помош Нада Мачура, кажа дека едно лице е потешко повредено, додека другите со полесни повреди се префрлени во болница.

„Лице на 48 и 17 години се префрлени во КБЦ Замун и тие добиле полесни повреди. Лице од 55 години е однесено во Ургентниот центар и се сомнева дека има потрес на мозокот. Никој од повредените не во животна опасност“, кажа доктор Мачура.

Според првите информации, до сообраќајката дошло кога едно возило се удрило во друго, па двете заедно налетале на трето.