Тешка сообраќајка во Штип - тешко повредени две деца
Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утринава во Штип, меѓу повредените има и деца. Според информациите на полицијата утринава околу 02,00 часот на крстосница од улица "Сремски фронт" и улица "Борис Крајгер" во Штип се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило "Ауди" со винички регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(25) од Виница, во кое сопатници биле М.М.(21) од Штип и П.Т.(26) и М.А.(25) двајцата од Виница и патничко моторно возило "Мазда" со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од Штип, во кое како сопатници биле две лица на возраст од 12 години од Штип.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничка болница Штип се пренесени сопатниците од возилото "Мазда" при што кај една од нив се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Софија Лорен на итна операција, по повеќе скршеници
-
Најмалку 20 мртви и над 300 примени во болниците по експлозијата на складиште со гориво во Нагорно Карабах
-
Предлог одлуката за прераспределба на Буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет
-
Спасовски од Љубљана: Досега издадени 31.187 патни исправи на нашите граѓани во странство, само во Љубљана 2.052
-
Бектеши во Тирана на Форум на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес
-
Владата денеска ќе одлучува за поевтинување на пијалаците
-
Комисиска расправа за Извештајот на ЈО за посебните истражни мерки во 2022 година
-
Предлог законот за амнестија повторно пред Владата