Македонија
2. December 2020 - 11:19

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени три лица

На 01.12.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа сандеро“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од Скопје и товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(39) од Скопје, во која бил удрен и пешакот М.С.К.(28) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „дачиа сандеро“ А.Б.(60), а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј., сопатничка од истото возило М.Б.(49) и пешакот М.С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.