Македонија
20. August 2017 - 13:47

Тешка сообраќајка во Струмица - Еден загинат

На локалниот пат село Едрениково-селоТрибичино во Струмица вчера во периодот од 14:30 до 18 часот се случила сообракајна незгода во која Т.Л. (77) од Струмица, управувајќи трактор „Масеј Фергусон“ без регистарски ознаки, со приколка, изгубил контрола над тракторот и излетал на левата страна од коловозот и се превртел. Од здобиените повреди, Т.Л. починал на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Струмица.