Тешка сообраќајка во тетовско: Три годишно дете со тешки повреди пренесено на Клиника
Вчера во 17 часот и 50 минути на локалниот пат село Требош-село Џепчиште, тетовско, во близина на пругата се случила сообраќајна незгода.
Сообраќајката се случила помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици управувано од 27- годишниот И.Е и патничко моторно возило “Волксваген Пасат“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 33- годишниот К.М, двајцата од село Порој.
- Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило тригодишно дете сопатник во патничкото моторно возило “Пасат“, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиникиот центар во Тетово, од каде било препратено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ -се вели во соопштение од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација