Македонија
21. August 2015 - 16:39

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид - Кичево

Возач од Дебарца загина откако изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид.

43 годишниот Лазо .Н.управувајќи моторно возило марка застава 101 со охридски регистарски таблици по магистралниот пат од Охрид кон Кичево во близина на спојката со локалниот пат за селото Издеглавје изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот.

Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски sид од шахта за атмосверска вода која, на тој потег од патниот правец била во изградба. Од здобиените повреди, починал на лице место. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. Полициски екипи од СВР Охрид извршија увид на лице место.

По наредба на јавниот обвинител, денес врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничкото моторно возило.