Македонија
8. December 2019 - 19:40

Тешка сообраќајна несреќа во Бутел- автомобил излета од патот и се преврте на кров

 
Автомобил со тетовски регистарски таблички попладнево, во скопската населба Бутел, излета од коловозот и се преврте покрај патот.
 
Како што дознава Алсат, возачот е извлечен од возилото и му се укажува прва помош. Засега нема детални информации за неговата здравствена состојба.
 
Според првичните податоци, причина за несреќата е брзо возење.