Балкан
14. January 2018 - 20:51

Тешка трагедија: Цело семејство, татко, мајка и син настрада во страотна сообраќајка

Тричлено семејство од Зајечар настрада во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Зајечар - Неготин синоќа.

На самото место загина таткото З.А. (55) и синот И.А. (22), додека мајката Д.А. (47) почина еден час потоа во зајечарската болница.

Несреќата се случи кај свртувањето за селото Салаш, а според неофицијалните податоци причина за несреќата веројатно е слабата видливост и лизгавиот пат кој бил прекриен со тенок слој снег кој веел, а имало и силен ветер.

Неофицијално, таткото З.А. го управувал „опел кадетот“ и директно се судрил со возило „фолсваген“ на Брза пошта. Зад опелот возело комбе кое удрило во кадетот.

На таа делница сообраќајот проади несреќата е пренасочен на околните патишта.

Увидот ќе покаже како дошло до оваа трагедија.