-->
-->
Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај Тиквешко Езеро
-->
Мотоциклист од кавадаречко Возарци се здобил со тешки телесни повреди по пад на коловоз, кај Тиквешко Езеро, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица - Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат, брана ХЕЦ Тиквеш - село Возарци, 31-годишниот Д.М., управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во кавадаречката Општа болница, појаснија од СВР - Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
-

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
