Македонија
30. August 2017 - 15:22

Тешко повреден тракторист при судар со автомобил

Трактористот Н.В. (30) од битолското село Крклино е тешко повреден при судар со патничко возило „Фиат Дукато“, соопшти МВР.

Незгодата се случила синоќа околу 19:50 часот на автопатот Битола -Прилеп

Н.В. е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Битола, каде е хоспитализиран и возачот на фиатот Љ.М. (61) од Битола, кој исто така здобил повреди.

Увид на местото изврши екипа од СВР Битола.