Македонија
6. March 2020 - 12:15

Тешко повреден велосипедист во Скопје

Вчера во 09.00 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, било пријавено дека Д.Г.(67) од Скопје, кој управувал велосипед, изгубил контрола и паднал. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.