Македонија
13. September 2019 - 15:57

Тешко повредена 39-годишна жена во сообраќајка на патот Тетово-Стримница

Во сообраќајна несреќа на патот Тетово-Стримница пред Фалише тешко е повредена 39-годишна жена. Сударот на две возила се случил околу 11 часот.

– Во непосредна близина на тетовско Фалише, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки „Опел антара“ управувано од 57-годишниот Д.Д. од Тетово и „Опел корса“ што го управувала 39-годишната Д.И. од Фалише. Во несреќата, жената возач на „корса“ добила тешки телесни повреди, а Д.Д. со телесни повреди. И двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, инфомира СВР Тетово.

Извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Тетов