Македонија
25. November 2022 - 12:16

Тешко повредена 76 годишна жена откако скопјанец со „дачиа дастер“ удрил во неа на паркинг

На 24.11.2022 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, патничко моторно возило „дачиа дастер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(43) од Скопје, удрило во В.Р.(76) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Р. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.