Македонија
17. December 2015 - 18:15

Тетовчани на протест побараа реализирање на мерките за чист воздух

Неколку илјади жителите на Тетово денес протестираа и бараа да се спроведат мерки за да има почист воздух во градот. На повик на организаторите од здружението Мајка и дете, граѓаните, блокираа три влезови на градот, а потоа маршираа до центарот на Тетово. 
 
Во сериозна состојба е доведено здравјето на тетовци, тврдат од здружението. 
 
За утре е најавен уште еден протест на градскиот плоштад во организација на еколошките здруженија