Македонија
30. March 2020 - 17:21

Тетовчанка и нејзините две ќерки приведени, полицијата пронајде кокаин во нивниот дом

 

Полицијата пронајде кокаин во куќа во Тетово и ги лиши од слобода 39-годишната Н.И. и нејзините две ќерки.

– Вчера околу 18.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода Н.И. (39) и нејзините две ќерки, затоа што при извршен претрес во нивниот дом во Тетово, пронајден е кокаин, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведуваат дека се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следува поднесок.