Бизнис
6. August 2020 - 19:53

Тетовци на протест против поскапувањето на електричната енергија

Тетовци револтирани поради одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за 7,4 отсто вечерва излегоа на протест. 

Не само што бараат повлекување на одлуката, туку и дополнително да поевтини за 20 отсто особено во време на пандемија. 

Демонстрантите се незадоволни и за начинот на функционирање на пазарот за електрична енергија. Затоа, бараат независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.

 

 

Мирјана Јовеска