-->
-->
Тигрестиот комарец пренесува нов вирус
-->
Жителите на јужна Франција, посебно на нејзиниот југоисточен дел, се вознемирени поради појавата на тигрестиот комарец, познат под латинско име Аedes Аlbopictus, затоа што тој предизвикува две познати болести на тропски грозници - денга и шикунгуја, но според францускиот Висок совет за јавно здравје, комарецот пренесува и еден друг загрижувачки вирус - зика.
Како што јави дописникот на МИА, пренесувајќи го пишувањето на весникот „Депеш ди Миди“, вирусот може да предизвика висока температура, болки на мускулите, кожни реакции и невролошки компликации.
Засега нема ниту лек, ниту вакцина за оваа многу малку позната инфекција.
Во најтешките случаи на инфекција, погодени се и мускулите на грлото, кои помагаат при голтањето и дишењето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација