Свет
13. December 2017 - 8:54

Тилерсон: САД се подготвени да почнат преговори со Северна Кореја без предуслови

САД изразија подготвеност за разговори со Северна Кореја „без предуслови“ иако остануваат одлучни на сите начини вклучително и со воена акција, да го убедат Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната програма.

Од друга страна, иако шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон ја даде таа изјава што означува помек став на Вашингтон, северкорејскиот лидер Ким Џонг-ун стави до знаење дека неговата држава ќе стане „најгoлема нуклеарна сила во светот“.

Помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања Џефри Фелтман изјави дека и покрај изјавата на севернокорејскиот  лидер, има шанси Пјонгјанг да разгледа „можност да се избегне војна со САД“.

ОН.jpg

Фелтман синоќа на седницата на СБ на ОН зад затворени врати поднел извештај за минатонеделната посета на Северна Кореја по што Пјонгјанг го обвини Вашингтон за „нуклеарна уцена“.

– Подготвени сме за разговори со Севена Кореја кога таа држава ќе сака. Подготвени сме за прв состанок без предуслови, изјави Тилерсон.

- Ајде да имаме состанок ако треба ќе заборуваме и за временската прогноза. Да видиме дали сакате округла или поинакова маса за преговорите. Треба да се видиме лице в лице, да направиме план за разговори и тогаш ќе видиме до каде ќе стигнеме, изјави Тилерсон.

Сепак, тој додаде дека покрај дипломатијата постои и силна воена опција.

– Ако Северна Кореја направи лош избор, подготвени сме и за воена операција, изјави Тилерсон и додаде дека „САД не можат да прифатат Северна Кореја да има нуклеарно оружје“.

Ким Џонг Ун

Истовремено, Ким рече дека неговата држава ќе продолжи со развој на национална одбранбена индустрија и дека „ќе победи во судир со империјалистите и САД“, јави КЦНА.

– Северна Кореја стана нуклеарна сила после борбата против смртта, нагласи тој.

ОН усвоија во неколку серии санкции спрема Северна Кореја поради тестирање нуклеарни и балистички ракети. Последната проба беше на 28 ноември кога беше испукана интерконтинентална балистичка ракета која според експерти може да погоди американска територија. 

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пред неколу дена изјави дека е оптимист во врска со преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја.