Бизарно но вистинито
25. July 2017 - 12:55

Тинејџерка седнала зад волан пијана и ја убила помладата сестра, несреќата ја пренесувала во живо на Инстаграм!

Обдулија Санчез (18) се снимала себе како вози под дејство на алкохол со две 14-годишни девојчиња на задното седиште, пренесува КСФН-ТВ.

Камерата одеднаш се затресла, а во позадина се слуша како девојчињата викаат.

- Жаклин, те молам разбуди се. Јас си ја убив сестрата, ок? Знам дека ќе одам во затвор. Го разбирам тоа. Меѓутоа не се грижам за тоа. Извини, бебе. Јас ќе издржам - вели Обдулија, обидувајќи се ја разбуди 14-годишната Жаклин Санчез.

Полицијата во Калифорнија тврди дека Обдулија била под дејство на алкохол кога автомобилот ја пробил бодликавата жица пред да застане во полето.

Обдулија е задржана во окружен затвор поради обвинение за убиство при возење под дејство на алкохол.

Погледнете го видеото: