Том Хенкс им го плати оброкот на сите гости во ресторан
Вечниот позитивец на Холивуд, Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон им го платија оброкот на сите гости во ресторанот за брза храна во Калифорнија, „Ин-ен-Аут“ каде што и тие ручаа.
Притоа тој и се сликаше со бројни свои обожаватели кои потоа „ги преплавија“ социјалните мрежи.
Глумецот едноставно сака да се дружи со луѓето кои го почитуваат како уметник и како славна личност. Познат е случајот кога во 2016 непоканет упадна на свадба и на младенците им го направи денот уште поубав со своето изненадување; или пак, кога го посети уметникот кој му посветил уметничко дело нему.
Во 2018 година го немаше во ниту еден филм, а во 2019 година обожавателите ќе имаат можност да го погледнат во биографската драма за Фред Роџерс и да го чујат неговиот глас во четвртиот дел од „Приказната за играчките“.
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023