Тонга повикува на итна помош по ерупцијата на вулканот
Тонга повикува на „итна помош“, фокусирајќи се на свежа вода и храна, додека ја проценува штетата предизвикана од саботната ерупција на вулканот Хунга-Тонга-Хунга-Хаапаи.
Вулканот експлодираше во голема ерупција, предизвикувајќи цунами и поплавувајќи ја островската држава на Тихиот Океан со вулканска пепел.
„Комуникацијата е прекината, а засега не се знае колкава е штетата по животи и имот. Она што го знаеме е дека Тонга има потреба од брза помош за да им обезбеди на своите граѓани свежа вода за пиење и храна“, рече претседателот на Парламентот Лорд Факафану, чија изјава е објавена на социјалните мрежи.
Апелот дојде откако експертите открија уште една ерупција на Хунга-Тонга-Хунга-Хаапаи.
Австралија и Нов Зеланд денеска испратија авиони за да ја проценат штетата во Тонга. Тие наведуваат дека хуманитарниот одговор го координираат со САД, Франција и други земји.
Австралискиот министер за Пацификот Зед Сесељ изјави дека во моментов немаат податоци за бројот на жртвите и дека аеродромот е во релативно добра состојба.
„Направена е значителна штета на патиштата и мостовите на тој остров во Пацификот“, рече тој.
Саботната ерупција беше почувствувана низ Пацификот, во други островски земји како Фиџи и во Северна и Јужна Америка.
Огромен облак од пепел се шири на запад кон Австралија.
Ново на Сител
-
Пронајдени две вреќи со гранати во тетовска Шипковица
-
Бајден го потпиша законот што обезбедува помош од 40 милијарди долари за Украина
-
Литванија од утре без гас, нафта и струја од Русија
-
„Македонија е бугарска“: Партијата на Каракачанов на протест во Кресна
-
Вучиќ-Орбан: Унгарија и Србија може да сметаат една на друга
-
Ребаланс на Буџет: Растот проектиран на 3,2, инфлацијата на 7,2 проценти, дефицитот 5,3 проценти од БДП
-
Бочварски: Општините сами може да изработат планови за Охридското крајбрежје согласно ГУП-овите и УНЕСКО
-
Бесими: Нови 76 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството