-->
-->
Торес повторно ќе игра во Англија
-->
Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес би можел во јануарскиот преоден рок да се врати во Англија, пишуваат тамошните медиуми.
Торес се поврзува со трансфер во екипите на Њукасл или Саутемптон.
Доколку се реши да се пресели во Њукасл, тој повторно би работувал со менаџерот Рафа Бенитез, на чие инсистирање Торес дојде во Ливерпул во 2007 година.
Интерес за Торес пројави и тимот на Саутемптон каде тренер е Маурицио Пелергино поранешниот асистент на Бенитез од времето кога Торес го носеше дресот на Ливерпул.
33-годишниот Торес сезонава добива мала минутажа од Диего Симеоне, кој настапи на шест натпревари, додека на само два меча беше меѓу стартните единаесетмина. Минутажата на Торесе ќе биде уште помала, откако во зимскиот период право на настап за „јорганжиите“ ќе имаат Диего Коста и Витоло.
Доколу се реши да се врати во Англија, и да заигра за било која од овие две екипи, за поранешниот шпански репрезенттивец тоа ќе биде трет тим од оствовото за кој настапил. Торес покрај четирите сезони во Ливерпул, го носеше и дресот на лондонски Челзи од 2011 до 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка