Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
Поставување камери на црните точки на булеварите каде често има сообраќајни несреќи и се вози со брзина над дозволената, да пристига СМС порака кога некое лице направил сообраќаен прекршок и е фатен со видео снимка на Сејф сити камерите- министерот за внатрешни работи смета дека Сејф сити системот ќе биде едно од решенијата за катасторфалните слабости на системот години наназад.
Македонија е една од земјите во Европа која има највисоки казни за смртен исход во сообраќајка, но еден од најголемите проблеми според Тошковски е селективната примена на законските одредби- различни казни за исто кривично дело.
Судовите и обвинителствата немаат пристап до базата на податоци на МВР, па за осомничено лице дали има сторено прекршок чекаат со месеци да им пристигнат документите по пошта. МВР преку меморандуми за соработка со судовите и обвинителствата ќе прави вмрежување на институциите со податоци за да се делува побрзо.
Денеска во Скопје се одржа и уличен форум под наслов „Зошто нашите градови се небезбедни?“. Иницијативата има за цел да поттикне решенија кои би го подобриле сообраќајот и сообраќајната култура.
Минатата година околу 19.000 лица биле фатени од полицијата дека управуваат возило без положен возачки испит.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар