Тошковски: СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Полициската станица за граничен премин „Св. Апостол Павле“ на која се наоѓа Аеродромот во Охрид.
Како што информираат од МВР, Тошковски од посетата констатирал дека има зголемување на патниците на овој граничен премин, како и на сите гранични премини во рамки на Регионалниот центар - Запад.
За разлика од лани, има за околу 20 проценти зголемен број на патници на граничниот премин на Аеродромот, а за околу 30 проценти на граничниот премин „Блато“ кај Дебар.
- Се фокусираме на зголемување на техничките услови и човечките капацитети со кои ќе можеме соодветно да одговориме на овој зголемен број на патници коишто го имаме во овој временски период. Добро е што имаме зголемена размена на туристи и сакаме тој број контактно да расте, што повеќе туристи да ги видат убавините на Охрид и Македонија, потенцирал Тошковски.
Нагласил дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни предуслови за сите туристи во претстојната сезона да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава.
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
