Loading Video...
Фудбал
31. March 2020 - 18:13

Тотенхем го отстапува стадионот за борбата со Ковид-19

 
 
Од лондонскиот фудбалски клуб Тотенхем, објавија дека се подготвени да го отстапат на располагање својот стадион на Националната здравствена организација.
 
Како што информираат од клубот, подземниот паркинг на стадионот ќе биде отстапена на  организацијата „Лондонска алијанса за храна“ која е ќе се користи  како магацин, а преку која истата ќе се дистрибуира, до социјално најзагрозените лица. 
 
Воедно од Тотенхем се подготвени и на други организации да им ги отстапат на користење големиот број на попратни простории кои ги има на стадионот. 
 
Ваков тип на поддршка понуди и раководството на Манчестер Сити. 
 
А, во Бразил, веќе и се подготвуваа еден стадион, кој ќе им послужи на тамошните власти во борбата против Ковид-19. Станува збор за стадионот „Пакаембу“ во Сао Паоло. 
 
На теренот на кој екипите на Сантош и Пењарол во 2011-година го одиграа финалето во Копа Либертадорес, се претвори во теренска болница за да помогне во борбата против појава на Корона вирус. 
 
Стадионот што е изграден за СП во 1950 година се очекува да има повеќе од 200 легла и треба да биде готов за 5 дена, а изградбата започна во саботата.