Фудбал
5. April 2021 - 9:09

Тотенхем и Манчестер Сити пред 8.000 гледачи во финалето на Карабао купот

Финалето на овогодишното издание на Карабао купот ќе се игра пред публика на трибините, соопшти денеска Англиската фудбалска федерација.

На финалниот натпревар меѓу екипите на Тотенхем и Манчестер Сити, на стадионот „Вембли“ на 25 април, ќе можат да присуствуваат 8.000 навивачи.

Претходно беше одлучено на полуфиналето од англискиот ФА куп, на 18 април меѓу екипите на Лестер и Саутемптон, да присуствуваат 4.000 луѓе, додека финалето што е на распоредот на 15 мај ќе можат од трибините да го гледаат 21.000 навивачи.