Спорт плус
9. November 2015 - 12:11

„Традиционалците“ го освоија Париз

Македонските репрезентативци во традиционално карате имаа успешен настап на Европскиот куп „Париз Опен 2015“. Во Париз репрезентативците во традиционални карате освоија 10 медали, четири злата, две сребра и четири бронзи.
 
Најсјани одличја освоија Јадранка Недева, во сениорска конкуренција, во фукуго, додека Мила Саздова, во кадетска конкуренција осови три златни медали, во кати, фукуго и енбу.
 
Огнен Тасески се закити со сребор во кати и бронза во фукуго, а Берта Милеска, во кадетска конкуренција, освои сребро во фукуго и бронзи во кати и енбу. Бронзен медал освои и Јелена Дробник во фукуго во кадетска конкуренција.
 
На Европскиот куп „Париз Опен 2015“ учествуваа 80 натпреварувачи од 12 земји.