Македонија
9. March 2017 - 13:09

ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во пожар во Кочани

Едно лице го загуби животот во пожар што синоќа избил во објект на улицата „Охридска“ во Кочани, информира СВР - Штип. Станува збор за лимена барака лоцирана на оваа улица во кочанската населба „Тикешински лозја“, а настраданиот таму привремено престојувал.

Пожарот во лимената барака е регистриран по 23:30 часот. Откако ја добила дојавата екипа на Територијалната противпожарна единица од Кочани реагирала за мошне кратко време. При гаснењето, пожарникарите го пронашле јагленисаното тело.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, но официјално не го соопштува идентитетот на настраданото лице. Ќе се врши обдукција, по што ќе се излезе со официјални информации за кое сигурно станува збор и како дошло до пожар.