Македонија
20. December 2016 - 9:54

Трагедија: Млада девојка од Скопје загина во сообраќајка

Тешка сообраќајна незгода се случила ноќеска, 45 минути после полноќ на патниот правец Велес – Скопје во кој животот го загуби 28 годишна скопјанка.

Сообраќајната незгода се случила кога моторното возило во кое се превезувала починатата удрило во десната страна на вијадуктот и се превртело. По незгодата со тешки телесни повреди се здобило лицето М.М.  која починала на пат кон болница.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.