Македонија
23. April 2019 - 10:11

Трагедија на скопскиот аеродром: Патник почина во авион

Трагедија на скопскиот аеродром, 74-годишен маж од Гостивар починал во авион.

Според информациите на полцијата, на 23.04.2019  во 00,27 часот на Граничниот премин “Меѓународен aеродром-Скопје“ пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот. Во 00,50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот е предадено на семејството.