Македонија
26. December 2017 - 15:08

Трагедија: Предозирано момче (26) од Кратово почина на скопските клиники

Рано утрово во 02.54 часот од медицинско лице од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, пријавено е дека починал М.Ј.(26) од Кратово, кој со возило на Итна медицинска помош Куманово бил донесен на клиниката на претходната вечер околу 22.15 часот. 

Од страна на полициски службеник извршен е разговор со докторот кој го примил лицето, во бесознание и бил под дејство на наркотични средства, по што во 02.50 часот починал. 

Во консултација со Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција.