-->
-->
Трагедија во Нов Белград - Девојче падна од покрив на градинка
-->
Хорор во Нов Белград, 13-годишно девојче падна од кров додека вежбала паркур. Несреќата се случила вчера околу 20.15 часот од покривот на детската градинка „Чуперак“ на Нов Белград.
Како што наведуваат очевидци на настанот, девојчето паднало од висина од 5-6 метри додека вежбала паркур (вид на екстремен спорт во кој целта e шо побрзо да се стигне од едно до друго место поминувајќи најразлични препреки) во градинката.
-Додека била на покривот некој шутнал топка, а таа за да види кој бил, се свртела и загубила рамнотежа. За да не падне на бетонот се фатила за климата закачена на ѕидот од зградата но брзо се лизнала. Во тој момент за некое лудо, веројатно за да не падне на врат, направила салто во воздух и неколку секунди потоа паднала, раскажува очевидец.
Тој додава дека девојчето не паднало на лице.
-Со рацете го заштити лицето. Крвареше од носот, но беше свесна и помалку дезориентирена кога дојде брзата помош, опишува тој.
Во итната служба го потврдија настанот дека девојче паднало од покривот на градинката, но не го соопштија степенот на повредите.
По деталните прегледи на Ургентниот центар девојчето е пуштено на домашно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација