Балкан
4. October 2017 - 11:08

Трагедија: Загина татко на осум деца

Маж Н.Л (70) кој во саботата е донесен со тешки повреди кои се здобил додека им помагал на соседите при сечење на дрва во шума починал во болницата во Зеница. 
 
Како што пишуваат тамошните  медиуми, починатиот Нусрет Л. настрадал откако парче дрво му паднало врз главата. 
 
Силниот удар предизвикал човекот да падне во кома, од која за жал, не се разбуди.
 
Лекарите од болницата вчера констатирале смрт, Нусрет зад себе остави сопруга и осум деца.