Трамп: Ако бидам реизбран, ќе испратам илјадници војници на границата со Мексико
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека на границата со Мексико, доколку биде реизбран за шеф на државата, ќе испрати илјадници војници кои моментално се стационирани во странство.
Трамп ова им го кажа на своите приврзаници на митинг во сојузната држава Ајова, каде во јануари ќе биде првото гласање за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември следната година.
Бранот илегални имигранти кои ја минуваат границата на Мексико со САД Трамп го нарече „инвазија“ и за тоа ја обвини владата на актуелниот американски претседател Џо Бајден.
„Откако ќе ја преземам функцијата, веднаш ќе ги поништам сите политики на отворени граници на администрацијата на Џо Бајден“, рече Трамп на настанот во Дубук.
„Јасно ќе кажам дека ќе ги искористиме сите неопходни ресурси за да ја запреме инвазијата, вклучително и трансферот на илјадници воени лица кои моментално се стационирани во странство“, рече поранешниот претседател.
Администрацијата на Бајден вели дека ги користи сите достапни алатки за да се справи со илегалната имиграција и го повика Конгресот да донесе закон за да ги реши проблемите во системот.
Ново на Сител
-
Угина Мали - „најтажната слоница на светот“
-
Вакцинирани над 950 деца во рамки на кампањата на МЗ и СЗО, со поддршка на ЕУ
-
Со над 15.000 монети маж од Кипар отишол да плати судска казна
-
ВМРО-ДПМНЕ прифаќа лидерска за датум за избори, за Изборниот законик и за укинување на техничката Влада
-
Ковачевски: Ние му помагаме на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата безбедносна организација во Европа
-
Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ поради неразумни билатерални пречки
-
Лавров пристигна на Министерскиот совет на ОБСЕ
-
Ковачевски - О’Брајан: Северна Македонија е пред клучен момент да ги осигура европските перспективи