Свет
2. November 2017 - 16:50

Трамп бара смртна казна за напаѓачот од Њујорк

Терористичкиот напад во Њујорк бил планиран околу  една година  а целта била што поголем број жртви.

Пред судот, напаѓачот со постмев изјавил дека не се кае за масакрот, но очекувал многу повеќе од 8 загинати.  

Претседателот Трамп побара смртна казна за терористот и порача дека ја разгледува можноста да го испрати во затворот Гвантамо на Куба.

-Треба да бидеме многу посилни. ТРеба да бидеме попаметни и политички помалку коректни, изјави Доналд Трамп претседател на САД.

Против 29 годишниот имиргант од Узбекистан се покренати обвиненија за тероризам,за пружање матетијална поддршка на терористи,и  за насилство и уништување со моторно возило.  Сајфуло Саипо пред да биде ранет и совладан од страна на полицијата, со камионет газеше пешаци и велосипедисти.